ПСЖ замената за Кварацхелија ја најде во Баскија

Хвича Кваратцхелија заработи сериозна повреда на коленото на натпреварот ПСЖ – Барселона. Ги повреди вкрстените лигаменти во коленото и за него оваа сезона е завршена.
Јасно е дека клубот ќе се активира на пазарот во јануарскиот преоден рок. Според медиумите познато е кој е „првиот избор“ на Луис Енрике.
Француските медиуми објавија дека ПСЖ ќе се обиде да го доведе Нико Вилијамс од Атлетик Билбао во јануари и веруваат дека нема да има премногу проблеми бидејќи шпанскиот репрезентативец е заинтересиран да се пресели во редовите на европскиот првак.
Тој има договор со Атлетик до летото 2035 година, а Билбао бара за него 100 милиони евра, колку што е износот на неговата откупна клаузула, но јасно е дека парите никогаш не биле проблем за ПСЖ.
ПСЖ е принуден да донесе замена за Кваратцкелија и поради фактот дека токму Енрике го сака Вилијамс, се чини дека ќе платат 100 милиони евра.

