Вемби ги тероризираше Клиперси, Никс за малку од „готово-вересија“

Во ноќта од четврток кон петок, беа одиграни четири НБА натпревари. Финалистите од минатата сезона, Њујорк и Сан Антонио, забележаа победи.
Актуелните шампиони Њујорк Никс, славеа во дербито против Минесота со 102:99. Се чинеше дека тоа ќе биде рутинска победа, но на крајот домашните имаа шанса за продолжение. Ламело Бол промаши тројка на 10 секунди до крајот.
Пред тоа, гостите апсолутно ја контролираа играта. На полувремето имаа +15 – 65:50. Во еден момент разликата беше 19 поени, а три и пол минути пред крајот водеа со 102:92. До крајот, шампионот не постигна кош, а Минесота постигна седум поени и имаше шут за продолжение.
Њујорк го предводеа Карл Ентони-Таунс со дабл-дабл од 22 поени и 12 скока. Џејлен Брансон постигна 21 поен со седум асистенции. На другата страна, Џонатан Куминга се истакна со 23 поени.
Вториот финалист од минатата сезона, Сан Антонио Спарс, го искористи неуспехот на Лејкерси и се врати да на првото место на Западот. Тие го победија тимот на Лос Анџелес Клиперс во Тексас, со 124:112.
Како што се очекуваше, првото име на средбата беше Виктор Вембањама. Францускиот ас запиша дабл-дабл од 32 поени и 11 скока. По него следеа Стефон Касл со исто така дабл-дабл, 21 поен со 12 асистенции. На другата страна, Гарланд и Лопес запишаа по 23 поени.
Резултати:
Мемфис – Голден Стејт 126:98
/Велс 22 – Беси 16/
Милвоки – Портланд 114:124
/Хиро 19 – Лилард 33/
Минесота – Њујорк 99:102
/Куминга 23 – Таунс 22/
Сан Антонио – ЛА Клиперс 124:112
/Вембањама 32 – Гарланд и Лопез по 23/.
Foto/ Depositphotos



