Среда, 25 ноември 2026МаркетингКонтакт
Пребарај

(Видео) Баерн настрада во Лил

Големо изненадување се случи во Франција, каде Лил го победи Баерн со 2:1 по пресврт, во петото коло во Лигата на шампионите.

Баварците, без ударната двојка во нападот, Кејн, Олисе, покажаа дека ќе имаат големи проблеми, додека тие не се вратат во тимот.

Баерн поведе во 15-тата минута со голот на Дајот Упамекано, кој ја испрати топката со глава во мрежата по центаршутот на Том Бишоф од корнер.

На почетокот од второто полувреме, Лил имаше поништен гол по интервенцијата на ВАР поради прекршок врз Џошуа Кимих, но домаќините сепак успеаја да го свртат резултатот.

Јапонецот Ајасе Уеда израмни во 62-та минута по проигрување од Натан Нгој, а само три минути подоцна Александар Павловиќ постигна автогол откако Итан Мбапе ја погоди стативата.

Добра вест за Баерн е шшто во тимот се врати Луис Дијаз. Колумбиецот влезе на теренот во 76-та минута, но не успеа да влијае врз она што се случуваше на теренот.

Баерн го запиша првиот пораз во ЛШ, се наоѓа на 15-то место со осум бода. Лил по првиот триумф сезонава во ЛШ, скокна на 29-то место со четири бода.

Резултати:

ПСЖ – Рома 2:2
(Забарњи 31′, Дембеле 62′-11м / Хермосо 5′, Мален 78′-11м)

Клуб Бриж – Ливерпул 0:3
(Исак 13′, 82′, Вирц 79′)

Лил – Баерн 2:1
(Уеда 62′, Павловиќ 66′-аг / Упамекано 15′)

Спортинг – Манчестер Јунајтед 2:2
(Суарез 33′-11м, 80′ / Фернандес 48′-11м, 50′)

Интер – Штутгарт 2:0
(Сучиќ 57′-11м, Мартинез 74′)

Атлетико Мадрид – Викинг 2:0
(Сорлот 19′, Алварез 25′)

Шахтјор – Фенербахче 0:1
(Муриќи 56′).

Поврзани вести