Понеделник, 2 ноември 2026МаркетингКонтакт
Пребарај

(Видео) Огнен Здравковски ја посветува „Осудени“ на сите што изгубиле љубов

Во саботата, на 41. издание на фестивалот „Макфест“, Огнен Здравковски ја претстави новата балада „Осудени“, а веќе го објави и официјалниот спот за неа. Со извонредна интерпретација и изведба полна со емоции, тој ја понесе публиката од првиот тон до последниот стих.

„Оваа песна ја посветувам на секој што некогаш изгубил љубов, на сите што знаат како изгледа денот без некого. Тешко ми е да го кријам тоа, затоа што и јас се наоѓам во секој збор од „Осудени“. Ако барем еден човек во неа се препознае и почувствува дека не е сам, тогаш песната го исполнила своето“, вели Огнен.

YouTube · кликнете за да се вчита видеото

Музиката, аранжманот и мастерингот се дело на Димитар Андоновски, а текстот го напиша Магдалена Цветкоска-Ена. Видео изданието што се снимаше на малата сцена на Национална опера и балет го режираше Гордан Божиновски.

Поврзани вести