(Видео)Колумбус го декласира Интер, Меси е мета на жестоки критики

Аргентинскиот мајстор Лионел Меси беше цел на жестоки критики во ноќта помеѓу саботата и неделата, бидејќи го изгуби трпението и намерно го удри својот ривал во главата со топката на самиот крај од првото полувреме од натпреварот со Колумбус Кру.
Интер Мајами, доживеа тежок пораз (3-0) и сега се наоѓа на чекор од елиминација, во плеј-офот за титулата.
Контроверзната ситуација се случи непосредно пред крајот на првото полувреме, кога Меси, се обиде да изведе аут, противникот се обиде да го попречи, а тој го погоди со топката во лицето.
Главниот судија Ален Чепмен ги казни двајцата играчи со жолти картони, но таков исход предизвика бура од негодување кај тренерскиот штаб на домашниот тим.
Стратегот на Колумбус, Лоран Куртоа, е убеден дека за таков неспортски потег, на Аргентинецот морал да му се покаже патот до соблекувалната.
На крајот од дуелот, судијата Чепмен ја објасни својата проценка, нагласувајќи дека силата на ударот не била доволна за прекршокот да биде санкциониран со црвен картон.
Гонзало Тапија беше двоен стрелец, од пенал во деветтата минута и од игра во 58-та минута, а Таха Хабрун исто така ја затресе мрежата на Интер во 52-та минута.
Интер Мајами го заврши натпреварот со играч помалку, откако Гонзало Лухан доби втор жолт картон во 36-та минута.
Foto/ Depositphotos

