Четврток, 5 ноември 2026МаркетингКонтакт
Пребарај

Богатството на Илон Маск се намали за речиси 25 милијарди долари по победата на демократите

Богатството на американскиот милијардер Илон Маск се намалило за речиси 25 милијарди долари по изборите за Конгресот на САД, на кои демократите освоија мнозинство во Сенатот и во Претставничкиот дом, објави „ЛАДбајбл“ (LADbible).

Маск, кој и покрај претходните несогласувања со американскиот претседател Доналд Трамп, на изборите ги поддржуваше републиканците, претрпел значителна загуба по падот на вредноста на акциите на неговите компании.

Според објавените податоци, акциите на „Тесла“ паднале за 2,59 отсто, а на „Спејс икс“ за 2,06 отсто, додека вкупното намалување на неговото проценето богатство изнесувало 24,8 милијарди долари.

Маск на изборните резултати реагираше со иронична објава на својата социјална мрежа Икс.

„Изгледа дека моите вселенски ласери за попречување на изборите овојпат не функционираа“, напиша тој, алудирајќи на неоснованите теории на заговор за наводно мешање во претходните американски избори преку неговата сателитска мрежа „Старлинк“.

X (Twitter)

Guess my election-interfering space lasers didn’t work this time 🤷‍♂️

— Elon Musk (@elonmusk) November 4, 2026

Погледни на X

И покрај загубата, Маск останува најбогатиот човек во светот. Според бројките што ги пренесува „ЛАДбајбл“, неговото богатство се проценува на околу 900 милијарди долари.

Поврзани вести