Една жена загина, а две се тешко повредени во напад со нож во дом за стари лица во Германија

Една 86-годишна жена загинала, а други две жени се тешко повредени откако 72-годишен станар ги нападнал со нож во дом за стари лица во градот Олфен, во германскиот регион Минстерланд.
Нападот се случил вчера, нешто по 19 часот, во кафетеријата на домот „Свети Витус“, објави „Билд“.
По нападот, осомничениот се предал без отпор во својата соба. Мотивот за нападот врз трите станарки засега не е познат.
Случајот го истражува одделението за убиства, а се очекува осомничениот наскоро да биде изведен пред судија.
Во домот престојуваат 77 лица на кои им е потребна помош и грижа поради здравствени проблеми.

