Сабота, 24 октомври 2026МаркетингКонтакт
Пребарај

(Фото+видео) Нови руски напади низ Украина: загинаа четири лица, 78 се повредени

24.10.2026, 13:41

Најмалку четири лица загинаа, а 78 се повредени во руските напади врз повеќе делови на Украина во изминатите 24 часа, според податоците на локалните власти. Утрово беше нападнат и Киев, каде што руски дрон погоди станбена зграда во населбата Оболон, објави „Киев индепендент“.

Во нападот врз станбената зграда биле повредени две лица, а избувнал и пожар, соопшти Киевската градска воена администрација.

Еден загинат и најмалку 25 повредени во Чернихив

Руските сили го нападнаа и градот Чернихив, каде што загинал еден маж, а најмалку 25 лица биле повредени, според локалните власти.

Воздушната тревога во градот била активирана околу 13:40 часот по локално време поради опасност од ракетен напад. Неколку минути подоцна, украинските воздухопловни сили предупредиле дека кон градот се движат дронови и крстосувачка ракета од типот „Бандерол“.

Градскиот совет на Чернихив соопшти дека цел на нападот биле две приватни компании, без да објави дополнителни детали.

X (Twitter)

#Чернігів: за попередньою інформацією, 1 людина загинула, ще 25 постраждали через російський удар по території одного з підприємств

Виникла пожежа та сталися руйнування будівлі. На місці події працювали підрозділи ДСНС та інші екстрені служби. https://t.co/rQLU4iScbf

— DSNS.GOV.UA (@SESU_UA) October 23, 2026

Погледни на X

Загинати и повредени во Донецката област

Во руски гранатирања на станбена населба во Краматорск, град на фронтовската линија, загинало едно лице, а шест биле повредени, меѓу кои и три деца, соопшти обвинителството на Донецката област.

Во Славјанск, исто така во близина на фронтот, во вчерашните руски напади загинала 62-годишна жена, а четири лица биле повредени, објави градоначалникот Вадим Љах.

Во напад врз градот Дњепар, во Дњепропетровската област, загинало едно лице, а осум биле повредени. Регионалниот гувернер Олександр Ханжа соопшти дека уште три лица биле повредени во општината Пидхородненска.

Во напад со руски дронови врз градот Житомир на 23 октомври биле повредени девет лица, меѓу кои и две деца, соопшти украинската полиција.

Напади и во Харковската, Херсонската и Одеската област

Во руските напади врз Харковската област биле повредени седум лица, меѓу кои 12-годишно девојче и 13-годишно момче, изјави регионалниот гувернер Олех Синехубов. Оштетени или уништени биле станбени објекти, компании и бензински пумпи.

X (Twitter)

#Харків: унаслідок російського удару БпЛА по Слобідському району виникла масштабна пожежа на території цивільного підприємства

Горіли дах та приміщення верхнього поверху на площі 2000 кв.м. Попри загрозу повторних обстрілів, до ліквідації наслідків атаки залучені підрозділи ДСНС https://t.co/cp0KhdbVyR

— DSNS.GOV.UA (@SESU_UA) October 23, 2026

Погледни на X

Во Херсонската област руските сили гаѓале станбени подрачја, при што биле повредени шест лица, соопшти регионалната воена администрација.

Уште три лица биле повредени во нападите врз Одеската област. Гувернерот Олех Кипер изјави дека руските сили погодиле рекреативен објект, административна зграда и складиште.

Русија нападнала 25 населени места во Сумската област

Руските сили извршиле 40 напади врз 25 населени места во Сумската област. Во неколку општини биле повредени пет лица, а воздушната тревога во регионот траела вкупно повеќе од 18 часа, соопшти регионалната воена администрација.

Според украинските воздухопловни сили, руските сили во текот на ноќта лансирале 126 дронови, од кои 61 биле со млазен погон. Украинската противвоздушна одбрана неутрализирала 101 дрон, меѓу кои и 50 со млазен погон.

Русија годинава го зголемила производството на дронови со млазен погон, кои потешко се соборуваат од постарите модели со пропелерски погон. Украина, од друга страна, во изминатиот месец ја подобрила стапката на пресретнување на ваквите летала.

Поврзани вести