Среда, 18 ноември 2026МаркетингКонтакт
Пребарај

Иран: Внимателно ја следиме ситуацијата по пристигнувањето на третиот американски носач на авиони

Вооружените сили на Иран внимателно ги следат движењата на странските сили откако третиот американски носач на авиони „USS Theodore Roosevelt“ пристигна на Блискиот Исток, изјави денес началникот на иранската армија, Амир Хатами.

Тој рече дека Иран ќе одговори „уште поразорно“ на секој „погрешен потег на Соединетите Американски Држави и нивните поддржувачи“ и додаде дека Техеран ќе „им одржи лекција“ што ќе им служи како предупредување на другите, пренесува новинската агенција „Фарс“.

Претходно, Американската централна команда (CENTCOM) објави дека носачот „USS Theodore Roosevelt“ им се придружил на носачите „George H. V. Bush“ и „US George Washington“, кои претходно беа распоредени на Блискиот Исток.

Американскиот претседател Доналд Трамп неодамна го исклучи американскиот потпретседател Џ. Д. Венс од мировните преговори и напиша на социјалните мрежи дека на Вашингтон повеќе не му е потребен договор со Техеран.

Американската војска неодамна ги негираше извештаите на израелските медиуми дека се подготвува за евентуално продолжување на воените операции против Иран.

Поврзани вести