Медведев: Многу западни земји бесрамно се мешаат во изборните процеси низ целиот свет

Во Москва се одржува состанок на постојаниот комитет на движењето „За слобода на народот“, а заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија и претседател на партијата Единствена Русија, Дмитриј Медведев, на состанокот изјави дека многу западни земји дрско се обидуваат да ја наметнат својата волја за време на изборните процеси во други земји.
Тој изјави дека претставниците на Западот упорно се стремат да ја диктираат својата волја на други нации и дека е потребно спротивставување на тоа со покажување единство.
„Важно е да се продолжи со решавањето на прашањето за мешање во суверените работи на државите, вклучително и во водењето на изборните кампањи. Ние постојано се занимававме со ова прашање. Многу западни земји бесрамно се мешаат во изборните процеси, обидувајќи се да ја наметнат својата волја. Искуството на нашите колеги, вклучително и оние кои исто така се соочиле со ова, ќе биде корисно тука“, рече Медведев, пренесува РИА Новости.

