Нови протести во Тирана, полицијата употреби солзавец откако демонстрантите фрлаа петарди

Нови антивладини протести се одржуваат во главниот град на Албанија, Тирана, каде што демонстрантите од плоштадот „Скендербег“ се упатиле кон зградата на Владата.
Напнатоста ескалирала откако дел од демонстрантите почнале да фрлаат петарди и други предмети, по што полицијата интервенирала со солзавец за да ја растера толпата.
Денешните протести следуваат по демонстрациите одржани на 28 ноември, кога дојде до жестоки судири меѓу демонстрантите и полициските сили, при што биле употребени солзавец и молотови коктели.
Протестите се дел од антивладиното незадоволство во земјата, кое повторно ги изнесе демонстрантите на улиците на Тирана.



