Деветмина повредени, меѓу нив и едногодишно дете, во руски напад врз Харков

Девет лица, меѓу кои две деца, се повредени во руски напад врз индустриска зона во украинскиот град Харков. Меѓу повредените има и едногодишно дете, соопшти градоначалникот Игор Терехов.
Нападот бил извршен во областа Немишљански, а бројот на повредени постепено се зголемил од првично пријавените две на девет лица. Екипите на терен ја проценуваат штетата и ги утврдуваат последиците од нападот.
Нападот врз Харков следува по ноќта во која Русија лансирала 140 беспилотни летала кон Украина. Според украинското воено воздухопловство, противвоздушната одбрана соборила 101 дрон, додека биле регистрирани 27 погодоци на различни локации низ земјата.



