Вторник, 3 ноември 2026МаркетингКонтакт
Пребарај

По неуспешното погубување во Тенеси, осуденичката се жали на условите во затворот

Криста Пајк (50), осуденичката на смрт која преживеа неуспешно погубување со смртоносна инјекција во американската сојузна држава Тенеси, поднела ново барање до судот поради условите во затворот, пишува „Унилад“.

Пајк го преживеа обидот за погубување на 30 септември, по што беше хоспитализирана. Случајот доведе до привремено запирање на сите погубувања во Тенеси додека трае истрагата.

По враќањето во затворот, таа се пожалила дека е принудена да чисти туш-кабина полна со лебарки и дека стравува од инфекции. Тврди и дека по примањето две дози пентобарбитал сè уште чувствува физички последици, поради што не би можела да се одбрани во случај на напад од други затворенички.

Нејзините адвокати бараат да ѝ се прекине изолацијата, наведувајќи дека поголемиот дел од времето го поминува сама во затворското медицинско одделение, што негативно влијае врз нејзината состојба.

Пајк била осудена на смрт на 20-годишна возраст за убиството на Колин Слемер во 1995 година, кога имала 18 години. Заедно со тогашното момче ја нападнала жртвата, по што ја претепала до смрт.

Од затворската служба на Тенеси соопштиле дека не коментираат судски постапки што се во тек.

Поврзани вести