Вторник, 3 ноември 2026МаркетингКонтакт
Пребарај

Стар трик за сушење алишта во зима: како да ја намалите влагата при сушење во затворен простор

Со доаѓањето на зимата, сушењето алишта во затворен простор станува проблем во многу домаќинства. Облеката се суши со денови, а влагата во просториите може да предизвика непријатни мириси и појава на мувла.

Според советите што се поврзуваат со традиционалните методи во руските села, постојат неколку едноставни начини за побрзо сушење на облеката без дополнителна потрошувачка на електрична енергија.

Проветрување на просторијата: Пред да ги поставите алиштата, отворете ги прозорците околу пет минути за да се овозможи размена на воздухот и да се намали влагата во просторијата.

Метод со пешкир: По центрифугирањето, поставете ги повлажните парчиња облека врз сув, дебел памучен пешкир. Свиткајте ги заедно и притиснете ги за пешкирот да впие дел од преостанатата влага.

Правилно распоредување: Не ги редете алиштата премногу блиску едни до други. Оставете простор за циркулација на воздухот, а подебелите парчиња поставете ги на рабовите на сушалката.

Се препорачува и поставување сад со крупна сол во близина на сушалката, со цел да се впие дел од влагата во воздухот.

Редовното проветрување е особено важно во зимскиот период за да се спречи задржување влага и создавање мувла.

Поврзани вести