Петок, 30 октомври 2026МаркетингКонтакт
Пребарај

По железничката несреќа во Шпанија, министерот одбива да поднесе оставка: „Немам што да кријам“

Шпанскиот министер за транспорт, Оскар Пуенте, денеска одби да поднесе оставка по тешката железничка несреќа во која загинаа најмалку 69 лица, пренесува Би-би-си.

„Немам што да кријам“, изјави Пуенте на прес-конференција во Мадрид, нагласувајќи дека владата ќе ги утврди сите околности на несреќата.

„Мојата должност сега не е да разговарам за тоа дали треба да останам на функцијата, туку да ги решавам проблемите“, рече министерот, пренесува Ројтерс.

Неговата оставка ја побараа политичките противници, синдикатите и демонстрантите по судирот што се случи во средата на железничката линија Мадрид – Севилја, во покраината Толедо.

Според објавените информации, воз на државната компанија „Ренфе“, кој се движел со брзина од 160 до 200 километри на час, удрил во задниот дел на запрен воз на компанијата „Ирио“.

Шпанскиот премиер Педро Санчез изјави дека довербата на јавноста во железничката мрежа е нарушена и оцени дека е неприфатливо за една година да се случат две слични трагедии. Во јануари, во судир на возови на истата линија, загинаа 46 лица.

Поврзани вести