Четврток, 26 ноември 2026МаркетингКонтакт
Пребарај

Познати добитниците на државната награда „Свети Климент Охридски“ за 2026 година

Ицко Ѓоргоски, Виолета Ачкоска, Али Пајазити и Јован Шумковски се годинашните добитници на државната награда „Свети Климент Охридски“, соопшти Министерството за култура.

Во областа на воспитанието и образованието, наградата им се доделува на проф. д-р Ицко Ѓоргоски, биолог, проф. д-р Виолета Ачкоска, историчар, и проф. д-р Али Пајазити, универзитетски професор.

Во областа на културата и уметноста, добитник на наградата е проф. м-р Јован Шумковски, ликовен уметник.

Одлуката е донесена на седницата на Одборот за доделување на државната награда „Св. Климент Охридски“, одржана на 28 октомври годинава.

Наградата ќе им биде врачена на добитниците на 8 декември, во 11 часот, во Свечената сала на Собранието.

Поврзани вести