Судир на возови на линијата меѓу Мадрид и Андалузија, има повредени

Возовите на компаниите „Ренфе“ и „Ирио“ се судрија денес на брзата линија меѓу Мадрид и Андалузија, поради што сообраќајот беше запрен, објави менаџерот на железничката инфраструктура, а според извештаите на очевидци, има неколку повредени.
Несреќата се случила кратко по девет часот во покраината Толедо, објави „Паис“.
Во судирот учествувале возот кој сообраќал од Мадрид до Севиља, и возот кој сообраќал во спротивна насока.
Според извештаите на очевидци, имало неколку повредени, а на местото на несреќата биле испратени медицински екипи.
Двата воза излетале од шините и паднале низ насипот.
Возот „Ренфе“ претходно забавил и застанал неколку минути поради проблеми во железничкиот сообраќај, пренесува Танјуг.



