Тензиите меѓу двете Кореи растат: Северот ѝ нареди на својата војска да биде во состојба на готовност

Северна Кореја им нареди на своите гранични единици да преземат „брза и одлучна акција“ доколку јужнокорејските сили ја загрозат нивната безбедност. Оваа директива, за која известија државните медиуми, го зголемува ризикот од конфликт долж силно чуваната граница, пренесува Ројтерс.
Потегот на Пјонгјанг доаѓа еден ден откако Сеул најави дека „одлучно“ ќе ја казни секоја нова провокација – како одговор на заканите од Северна Кореја за зајакнување на воените позиции долж границата.
Военото раководство на границата
Државната новинска агенција КЦНА објави дека севернокорејскиот маршал Пак Џонг Чон вчера извршил инспекција на утврдувањата долж границата со Јужна Кореја. Во негова придружба била Ким Јо Џонг, влијателната сестра на лидерот Ким Џонг Ун. Ким Јо Џонг изјави дека новите артилериски единици „зазеле борбени позиции“ непосредно на границата.
Тензиите меѓу двете земји се зголемуваат од април 2024 година, при што Пјонгјанг сè повеќе ја утврдува границата. Северна и Јужна Кореја се раздвоени со Демилитаризирана зона, воспоставена со примирјето со кое заврши Корејската војна во 1953 година.


