Сабота, 17 октомври 2026МаркетингКонтакт
Пребарај

Трамп призна дека користи шминка: „Ставам многу малку и тоа го правам сам“

17.10.2026, 16:20

Американскиот претседател Доналд Трамп призна дека користи шминка, но нагласи дека ја нанесува во мали количества и дека тоа го прави сам, пренесе денеска „Фокс њуз“.

Трамп ова го изјави синоќа на предизборен митинг во Далтон, во сојузната држава Џорџија, додека го исмеваше демократскиот сенатор Џон Ософ, тврдејќи дека тој троши многу повеќе пари на шминка.

„Ософ потрошил повеќе пари на шминка, а јас, патем, ставам многу малку и тоа го правам сам“, им рече Трамп на своите поддржувачи, демонстрирајќи со рацете како ја нанесува шминката.

Американскиот претседател тврдеше и дека сенаторот има шминкер кој постојано е со него и дека за тоа троши богатство, но не изнесе докази за своите тврдења.

Трамп потоа објасни зошто користи мала количина шминка, велејќи дека со нејзиното прекумерно нанесување лицето може да изгледа како на мртовец.

За време на посетата на Џорџија, Трамп ја изрази поддршката за републиканскиот кандидат Мајк Колинс, кој на среднорочните избори се натпреварува со Ософ за место во Сенатот на САД.

Поврзани вести