Сабота, 7 ноември 2026МаркетингКонтакт
Пребарај

Туск по нападот во Краков со шест жртви: Политичарите да не ја користат трагедијата за политички цели

Полскиот премиер Доналд Туск упати апел до политичарите да не ја користат трагедијата за политички цели по нападот во Краков, во кој загинаа шест лица, а уште 12 беа повредени.

„Најдлабоко сочувство до семејствата и блиските на жртвите. Им оддавам признание на храбрите полицајци кои ги ризикуваа своите животи. Искрено ги повикувам политичарите од сите страни – не си играјте со оваа трагедија. Ќе ги разјасниме сите околности на ова злосторство“, напиша Туск на Икс.

Според Ројтерс, полскиот премиер отпатувал во Краков, а претходно соопштил дека редовно добива информации од министерот за внатрешни работи за истрагата.

Министерот за одбрана Владислав Кошњак-Камиш изјави дека надлежните служби интензивно работат на случајот.

Поврзани вести