Понеделник, 16 ноември 2026МаркетингКонтакт
Пребарај

(Видео) Голем пожар во Русија по напади со дронови: гори нафтен објект

Украински беспилотни летала, наводно, во текот на ноќта извршиле напад врз нафтени постројки во рускиот град Азов, во Ростовската област. По нападот избувнал голем пожар, а на снимките што кружат на социјалните мрежи се гледаат пламени јазици што го осветлуваат ноќното небо, објави „Киев индепендент“.

Украинските канали „Exilenova+“ и „Supernova+“, кои ги следат случувањата во војната, известија дека околу 04:00 часот по локално време во Азов – град оддалечен приближно 142 километри од украинската граница – горело нафтено складиште.

Не е јасно кој точно објект бил погоден.
Независниот руски медиум „Астра“ објави дека пожарот можеби избувнал на локација каде што се наоѓаат два соседни објекти за складирање нафта и гориво.

Едниот е нафтеното складиште во Азов, со кое управува компанијата „Флеш енерџи“ и кое се користи за чување нафтени деривати. Другиот објект, кој се наоѓа во близина, е наменет за складирање течни, цврсти и гасовити горива.

Врз основа на анализа на јавно достапни податоци, „Астра“ утврдила дека двата објекта се наоѓаат еден до друг; сепак, сè уште не е можно прецизно да се потврди кој од нив бил зафатен од пожарот.

„Киев индепендент“ наведе дека не може независно да го потврди обемот на штетата или точната локација на целниот објект.

Зеленски: Онеспособивме 55 отсто од руските капацитети за преработка на нафта
Најновиот напад се случи откако украинскиот претседател Володимир Зеленски објави дека украинските напади онеспособиле повеќе од 55 отсто од руските капацитети за преработка на нафта.

X (Twitter)

In October, Russia suffered more than 50,000 casualties – killed and wounded. And as of today, we have disabled more than 55% of Russia’s oil refining capacity. This is our justified response to Russia’s refusal to de-escalate and its strikes on Ukraine’s energy infrastructure. https://t.co/c04SOZb9h2

— Volodymyr Zelenskyy / Володимир Зеленський (@ZelenskyyUa) November 15, 2026

Погледни на X

„Вкупно, веќе неутрализиравме повеќе од 55 отсто од руските капацитети за преработка на нафта“, изјави Зеленски, повикувајќи се на извештај од украинската војска.

Поврзани вести