Понеделник, 26 октомври 2026МаркетингКонтакт
Пребарај

(Видео) Луѓето го отстранија големиот постер од Шешељ од зграда во Нови Сад

Ноќеска во Нови Сад, граѓани отстранија голем постер со ликот на Воислав Шешељ од зградата во која се наоѓаат просториите на Српската радикална странка (СРС).

Инцидентот се случи за време на прославата на победата на „Студентската листа“ на српските парламентарни избори.

X (Twitter)

Ode ii Šešelj iz #NoviSad skinuše ga kao krpu https://t.co/M4gyUX2YDD

— DrDuki (@Doca_da_lekic) October 25, 2026

Погледни на X

На видеоснимката се гледа како луѓе го отстрануваат транспарентот на кој бил прикажан долгогодишниот лидер на српските радикали. Според српскиот медиум „Блиц“, некои поддржувачи на „Студентската листа“ влегле и во просториите на партијата.

Поврзани вести