(Видео) Воен хеликоптер се урна во Турција, потрагата по пилотот е во тек

Воен хеликоптер се урна во централна Турција, во близина на покраината Ескишехир, објави Министерството за одбрана. Екипи се испратени на местото на несреќата и во тек е операција за пребарување и спасување, јавува Ројтерс.
Турското Министерство за национална одбрана објави дека остатоците од хеликоптерот се пронајдени и дека операцијата за пребарување и спасување продолжува.
Министерството за одбрана, според написите во медиумите, не објави податоци за можни жртви, како и за причината за падот на хеликоптерот AS-532.



