Сабота, 14 ноември 2026МаркетингКонтакт
Пребарај

Вучиќ ќе биде шеф на пратеничката група на „Обединета Србија“ во српското Собрание

Александар Вучиќ ќе ја предводи пратеничката група на листата „Обединета Србија“ во Собранието на Србија, најави тој во гостување на телевизијата „Пинк“.

Вучиќ рече дека веќе е избран за шеф на пратеничката група, но дека сè уште не е одлучено дали таа ќе се вика „Обединета Србија“ или „Србија против теророт“.

Тој најави дека извесен период ќе ја извршува функцијата, иако, како што рече, не знае дали ќе може да ја задржи подолго време.

Вучиќ посочи дека настапот на пратениците во парламентот ќе биде пристоен и цивилизиран, со фокус на застапување на интересите на граѓаните.

„Ќе ги застапуваме интересите на сите граѓани на Србија и интересите на слободна Србија“, порача Вучиќ.

Поврзани вести