Околу 19.000 луѓе на протести низ Германија: Човечки синџири долги 21 километар

Околу 19.000 луѓе денеска учествуваа во протестни акции во неколку градови низ Германија, барајќи поправедна социјална политика, посилни мерки за заштита на животната средина и борба против климатските промени.

Под слоганот „Гори“, учесниците формираа човечки синџири во неколку градови и повикаа на нов политички и социјален почеток, објавува „Шпигел“.

Организаторите изјавија дека акциите биле планирани во 112 градови, додека вкупната должина на различните човечки синџири околу пладне била проценета на приближно 21 километар.

Scroll to Top