Сабота, 21 ноември 2026МаркетингКонтакт
Пребарај

На Instagram доаѓа голема промена: Еве како да уредите „Story“ без да го избришете

Можете да ги уредувате текстот, музиката, стикерите и цртежите во вашите „Приказни“ (Stories) до 15 минути откако ќе ги споделите.

Најновото ажурирање на Instagram ви овозможува да ги уредувате вашите „Приказни“ без да ги изгубите прегледите, допаѓањата или одговорите. Сега можете да ги менувате текстот, музиката, стикерите и цртежите во рок од 15 минути по објавувањето на „Приказната“, објави Адам Мосери, првиот човек на Instagram.

Истражувачот и експерт за „реверзен инженеринг“, Алесандро Палуци, уште во април забележа дека Instagram работи на оваа функција, но сега таа е и официјално достапна. Претходно, мораше да ја избришете и повторно да ја објавите „Приказната“ за да поправите печатна грешка или да додадете песна што сте заборавиле да ја вклучите.

Можете да ја уредите вашата објава така што ќе го отворите вашиот „Story“ и ќе го изберете менито со три точки во долниот десен агол. Потоа, допрете ја опцијата Edit Story за да започнете со промените.

Покрај можноста за уредување на „Приказните“, Instagram најави и воведување нови фонтови, бои и форми на налепници, кои сега ќе бидат прикажани во листи што се полесни за прегледување.

Платформата, исто така, го ажурира начинот на избирање повеќе фотографии и додава нови опции за ефекти на заматување (blur), бои и позадини со градиент.

Поврзани вести