ВИДЕО: Google Gemini доаѓа на Apple CarPlay

По пристигнувањето на Android Auto, Gemini сега доаѓа и во возилата што поддржуваат Apple CarPlay, во форма на апликација.
Отсега, доколку користите CarPlay, можете едноставно да ја допрете иконата за Gemini за да го активирате Live AI асистентот. Можете да разговарате со него, да менувате теми или да го прекинете во секој момент кога треба да се фокусирате на патот.
Од Google наведуваат дека можете да го користите за проверка на вашиот календар, прегледување на непрочитаните е-пораки, па дури и за добивање препораки за локални места.
Разговорите се синхронизираат со апликацијата Gemini на вашиот iPhone, што ви овозможува пристап до нив и од таму.
Ако Gemini за CarPlay сè уште не ви е достапен, не грижете се – наскоро ќе пристигне, бидејќи од Google најавија дека ажурирањето се воведува на глобално ниво.
Сепак, ќе ви биде потребна најновата верзија на апликацијата Gemini, мора да ѝ овозможите пристап до микрофонот и претходно да имате остварено барем еден разговор преку Gemini Live на вашиот телефон.



