ВИДЕО: Откриена нова вонбрачна афера на челникот на највредната компанија во светот

Управниот одбор на технолошката компанија „Nvidia“ се состана во средата за да одлучи за можното разрешување на извршниот директор Џенсен Хуанг, откако се дозна дека тој имал две вонбрачни афери – од кои едната со жена за која постои сомневање дека е кинески шпион – изјави за „Ројтерс“ извор запознаен со случајот.
Состанокот на управниот одбор на водечкиот светски производител на чипови за вештачка интелигенција претставува значителна промена во однос на ситуацијата од неделата, кога одборот на „Nvidia“ изрази доверба во Хуанг и неговиот менаџерски тим.
Според политиките на компанијата, Хуанг може да биде разрешен со мнозинство гласови од членовите на управниот одбор, без оглед на тоа дали постои конкретна оправдана причина за тоа. Управниот одбор на „Nvidia“ брои 11 члена, од кои сите – со исклучок на Хуанг – се сметаат за независни.
Вонбрачна афера со подредена вработена
Претходно во средата, весникот „Њујорк тајмс“ објави дека Хуанг имал вонбрачна афера и со една од раководителките во компанијата која директно му одговарала – Кимберли Пауел, потпретседателка на „Nvidia“ за секторот здравство. Весникот се повикува на пет лица кои работеле во компанијата.
Кога во средата, во телефонски разговор со „Њујорк тајмс“, бил прашан за неговиот однос со Пауел, Хуанг одговорил: „Мислам дека не би требало директно да разговарате со мене“, по што ја прекинал врската, пренесува весникот. „Ројтерс“ не успеа независно да ги потврди овие наводи.





