„Волстрит џурнал“: Хуанг од Nvidia признал и други вонбрачни врски

Џенсен Хуанг, кој се врати на чело на Nvidia, за време на повеќечасовниот состанок со управниот одбор на компанијата признал дека имал и други вонбрачни врски, објави „Волстрит џурнал“, повикувајќи се на извори запознаени со разговорите.
Состанокот се одржал во неделата, еден ден пред управниот одбор едногласно да одлучи да го врати Хуанг на функцијата извршен директор. Според изворите на американскиот весник, Хуанг изразил жалење поради своето однесување.
Тој пред членовите на управниот одбор открил дека имал и други вонбрачни врски, покрај оние за кои медиумите веќе известуваа. Сепак, не е познато за колку дополнителни врски станува збор, ниту кој е идентитетот на жените.
За време на состанокот се разговарало и за важноста на искреноста и отвореноста кон управниот одбор, чии членови заклучиле дека враќањето на Хуанг е најдоброто решение за компанијата.
Скандалот почна по откривањето на неговата врска со Алис Хуанг, кинеска деловна жена за која американските власти се сомневаат дека е поврзана со кинеските разузнавачки служби. Двајцата не се во роднинска врска.
„Волстрит џурнал“ претходно објави и за неговата наводна врска со Кимберли Пауел, потпретседателка на Nvidia задолжена за здравствениот сектор, додека Ројтерс извести за интимна врска со уште една вработена во компанијата.
Хуанг поднесе оставка на 12 ноември, откако информациите за неговите приватни односи отворија прашања и за националната безбедност.
Управниот одбор на Nvidia започна независна истрага за да утврди дали Хуанг бил цел на странска разузнавачка операција и дали притоа можеле да бидат загрозени чувствителни податоци на компанијата.



