Џејми Фокс (58) доби трето дете

Џејми Фокс доби трето дете. Извори потврдија за магазинот „Пипл“ дека 58-годишниот актер и неговата 31-годишна девојка, Алис Хакстеп, го добиле своето прво заедничко дете.
Актерот веќе има две ќерки од претходни врски: 18-годишната Анелиз и 32-годишната Корин. Корин ја доби со поранешната партнерка Кони Клајн, додека мајка на Анелиз е Кристин Гранис.
Веста дека Фокс и Хакстеп очекуваат дете се појави уште во мај. Нивната врска стана јавна во август 2023 година, кога беа забележани на вечера во Малибу.
Повеќе извори пренесоа дека парот раскинал во јануари 2025 година. Во тој период, Фокс имал многу професионални обврски; истиот месец беше објавен неговиот филм „Back in Action“, во кој глуми и Камерон Дијаз, а само неколку недели претходно на Netflix премиерно беше прикажан неговиот специјал „Jamie Foxx: What Had Happened Was…“.
„Џејми има многу работа, токму онака како што сака“, изјави тогаш еден извор. „Има толку многу случувања околу него, што веројатно нема ни време да размисли колку е всушност среќен.“
Сепак, неколку месеци подоцна, парот се смири. Во април 2025 година, тие беа фотографирани како излегуваат од ресторанот „Нобу“ во Малибу – истото место каде што започна нивната врска за време на едно групно излегување во летото 2023 година. Минатиот октомври беа забележани во Мајами, каде што им се придружија на поголема група луѓе на возење со брод по реката Мајами, по што следеше вечера во грчкиот ресторан „Kiki on The River“.
Уште во 2017 година, во едно интервју, Фокс зборуваше за воспитувањето на своите ќерки во Холивуд. „Во оваа индустрија знае да биде навистина лудо. Многу сме горди на нив; израснаа во прекрасни личности“, рече тој.
Кога во рамките на серијалот „Признанија на татковци“ (Dad Confessions) го прашаа што најмногу му се допаѓа во улогата на татко, тој одговори дека тоа е моментот кога ќерките ќе го наречат „тато“. Додаде дека ужива „да гледа како им светнуваат лицата кога ќе влезе во просторијата, како и да им помага во решавањето на проблеми низ кои веројатно и самиот некогаш поминал“.



