(Фото) Ако планирате да се шишате, побарајте ја оваа конкретна фризура: изгледа скапо, женствено и шик

Фризурата „боб“ е една од најбараните веќе неколку сезони, а нејзината популарност воопшто не опаѓа.
Ако веќе некое време размислувате за пократка коса, новата сезона можеби е идеалното време за промена. Боб фризурата одамна прерасна во нешто многу повеќе од еден статичен стил; благодарение на бројните варијации, таа може да се прилагоди на различни должини, текстури и лични стилови. Од мазни, прецизно обликувани верзии, па сè до разиграни и лелеави форми – постои опција за секого.
Најновата варијанта што го привлекува вниманието на љубителите на убавината е „водопад-боб“ (waterfall bob). Овој стил става акцент на меки, лелеави бранови, природно движење и волумен, создавајќи изглед кој е истовремено опуштен и елегантен. За разлика од строго дефинираните локни или совршено мазниот боб, оваа верзија остава впечаток дека косата природно паѓа во префинети бранови.
Името е инспирирано од начинот на кој брановите се прелеваат еден преку друг, создавајќи впечаток на коса што слободно паѓа, а истовремено нежно го врамува лицето. Се одликува со меки бранови во форма на буквата „S“, сјајна текстура и слоеви кои додаваат димензија. Нејзината најголема привлечност лежи во тоа што не изгледа претерано стилизирано – целта е природен изглед, избалансиран со доволно волумен и мазност за да се задржи елегантниот впечаток.
Уште една предност на waterfall-боб“ фризурата е нејзината прилагодливост. Може да се носи како пократка варијанта што завршува околу брадата, или како малку подолга верзија што допира до клучната коска. Слоевите можат да се прилагодат според обликот на вашето лице и густината на косата; тие изгледаат особено убаво кога брановите се нагласени околу лицето и на врвовите.
Иако на прв поглед може да изгледа како резултат на природно брановита коса, „waterfall-боб“ може да се постигне на различни текстури на косата. Оние со природни бранови ќе имаат потреба само од мала количина производ за дефинирање и истакнување на текстурата, додека за права коса ќе биде потребно малку повеќе стилизирање.
Клучот е да се избегне виткање на секој прамен на идентичен начин; токму таа неправилност и леснотија го создаваат препознатливиот изглед на оваа фризура. Откако ќе ја обликувате косата, нежно исчешлајте ги брановите со чешел со широки запци или со прстите, за тие да се спојат во мека, усогласена целина.
За завршен ефект, можете да употребите спреј за сјај или да нанесете неколку капки серум на врвовите – но внимавајте да не претерате со производите, бидејќи не сакате косата да го изгуби својот волумен и движење.
Популарноста на „боб“ фризурата меѓу славните личности не е ништо ново; различни варијанти на оваа фризура често се појавуваат на црвените теписи и служат како инспирација за убавина на социјалните мрежи. Меѓу ѕвездите што носеле различни верзии на овој мек, брановиден „боб“ се Наоми Вотс, Маргот Роби и Скарлет Јохансон.
Токму спојот на лежерност и елеганција му дава на „водопад-бобот“ (waterfall bob) потенцијал да стане една од најпосакуваните фризури оваа сезона. Таа е доволно опуштена за секојдневно носење, а со малку дополнително стилизирање може да изгледа исклучително софистицирано за вечерни пригоди. Ако барате фризура што не бара строго дефинирани линии, а сепак нуди волумен, движење и допир на безвременска елеганција, оваа верзија на „боб“ фризурата секако заслужува место на вашата листа со идеи за убавина.



