Понеделник, 2 ноември 2026МаркетингКонтакт
Пребарај

(Фото) Не и треба деколте за да привлече внимание – таа „доминира“ и во едноставни парчиња облека

Впечатливиот и донекаде провокативен изглед е нејзин заштитен знак; сепак, овој пат, Софија Вергара претстави комбинација која е совршена за дневни прилики.

Бујните облини и длабокото деколте, кое привлекува погледи, се главните карактеристики на модната естетика на славната Софија Вергара. Овој пат, сепак, убавицата одлучи да го промени тој пристап, прикажувајќи стајлинг што лесно можете да го „ископирате“.

Изгледот вклучува парчиња од тексас – идеални за дневни активности – кои ѝ стојат беспрекорно.

Актерката неодамна сподели фотографии на социјалните мрежи во интересно издание: целосен тексас-стајлинг. Таа искомбинира шик кошула со фармерки со широки ногавици, а целиот изглед во сини тонови го заокружи со кожна чанта од брендот „Шанел“.

Косата ја носеше пуштена, а шминката беше во неутрални тонови, кои ја истакнаа нејзината природна убавина.

Може слободно да се каже дека славната Колумбијка „издоминира“ со овој изглед, докажувајќи дека не мора да ги истакнува градите за да го привлече вниманието на светот.

Поврзани вести