Петок, 30 октомври 2026МаркетингКонтакт
Пребарај

(Фото/Видео) Метју Меконахи и неговата сопруга повторно го привлекоа вниманието на јавноста

Метју Меконахи и неговата сопруга, Камила Алвес, повторно го привлекоа вниманието на јавноста. Всушност, неговата поубава половина беше главна тема на разговор таа вечер…

Метју Меконахи и Камила Алвес присуствуваа на гала-настан во Лос Анџелес, при што и двајцата носеа гламурозни комбинации соодветни за пригодата. Како еден од најскладните парови во светот на славните, тие навистина доминираа во центарот на вниманието на овој голем настан, привлекувајќи ги погледите на сите присутни со своите впечатливи изданија.

Facebook · кликнете за да се вчита објавата

Додека Метју се одлучи за класичен сив костум, искомбиниран со бела кошула и вратоврска, неговата сопруга избра нешто малку похрабро. Таа носеше припиен фустан во бургуни боја, кој ја истакнуваше нејзината витка фигура.

Facebook · кликнете за да се вчита објавата

Креацијата се одликуваше со длабоко деколте – што внесе заводлива нота во ова гламурозно изндание украсено со светки – а беше надополнето со нејзината брановидна коса.

Таа го постигна оној „природен“ изглед кој е тренд веќе некое време; суптилната, минималистичка шминка дополнително ја нагласи идејата зад нејзиниот изглед: гламурозен, а сепак природен.

Парот остана неразделен во текот на целата вечер, а фотографиите од нив оттогаш обиколија голем дел од светот. Јасно е дека, дури и по сите овие години, љубовта меѓу нив продолжува да цвета…

Поврзани вести