Четврток, 19 ноември 2026МаркетингКонтакт
Пребарај

(Фото) Серија жешки фотографии од најсексапилниот модел на денешницата: не се за оние со слабо срце

Емили Ратајковски ѝ приреди на својата пријателка вечер за паметење, а истовремено ги израдува и своите следбеници со серија нови, провокативни фотографии.

Манекенката Емили Ратајковски ги замени модните писти и фотосесиите за вечерно излегување со една од најважните личности во нејзиниот живот. Нејзината најдобра пријателка наскоро стапува во брак, а манекенката сакаше да биде покрај неа за да ја прослават нејзината моминска вечер – посебен настан што таа го сподели и со своите следбеници на Инстаграм.

Провокативните изданија – слични на она што неодамна го носеше на еден гала настан – повторно беа нејзин заштитен знак.

„Мојата најдобра пријателка се мажи“, напиша Емили покрај фотографиите од прославата.

За оваа пригода, таа се одлучи за целосно црна комбинација, составена од топ со светкави прерамки и темни панталони. Сепак, модните додатоци беа тие што навистина го дефинираа нејзиниот изглед: црвена каубојска шапка и бели очила за сонце во форма на срце внесоа разигран тон во нејзиниот стајлинг.

На една од фотографиите, таа позира со својата најдобра пријателка, при што двете држат пијалаци. На кадарот се гледа и дел од декорацијата – неколку бели балони расфрлани по подот – што на просторот му даде празнична, а сепак интимна атмосфера, без потреба од претерано китење.

Иако Емили се потруди нејзината пријателка да остане во центарот на вниманието, тоа се покажа како невозможно со оглед на нејзиниот провокативен аутфит, кој откриваше многу повеќе отколку што покриваше. „Преубава си“, „Упс, внимавај да не покажеш нешто повеќе“, „Ти си совршенство“, „Вистинска бомба“ – се само дел од коментарите на нејзиниот профил под објавата.

Поврзани вести