(Фото/Видео) Аманда Сејфрид привлече погледи во секси црн фустан

Аманда Сејфрид се појави на еден настан, привлекувајќи го вниманието на јавноста со својот изглед. Судејќи според фотографиите, се чини дека актерката навистина „процветала“ по разводот.
Аманда Сејфрид се појави на настан во Њујорк, блескајќи на гала-вечер организирана од луксузниот бренд за накит „Tiffany & Co.“ по повод претстојната празнична сезона. За оваа пригода, таа избра класичен црн фустан со елементи на модерен гламур – особено видливи во асиметричниот горен дел.
Креацијата имаше и една прерамка, што придонесе за женствен изглед, како и висок шлиц. Фустанот ја истакна нејзината витка фигура, а таа го заокружи изгледот со софистицирана, високо крената пунџа и префинет накит од споменатиот бренд.
Што се однесува до шминката, таа се одлучи за неутрални тонови во комбинација со впечатлив црвен кармин, што дополнително го нагласи нејзиниот неодолив шарм.
Да потсетиме, Аманда Сејфрид и Томас Садоски во септември оваа година објавија дека се разведуваат по девет години брак.
Во заедничка изјава за списанието People, тие потврдија дека веќе некое време живеат одвоено. Нагласија дека заедничкото одгледување на нивните деца останува нивен главен приоритет.


