(Фото/Видео) Гламур на нејзин начин: Марго Роби покажа речиси сè во целосно проѕирен фустан

Холивуд и високата мода завладеаја со центарот на Сиднеј во четвртокот, кога многубројни славни личности се собраа во областа Барангару за австралиското претставување на „Cruise“ колекцијата на „Шанел“.
Маргот Роби и Никол Кидман беа меѓу најистакнатите гости во „The Cutaway“ – просторот каде што прочуената француска модна куќа ја одржа својата прва модна ревија на австралиско тло. Настанот набрзо стана најпосакуваната покана во градот, пренесува „Дејли мејл“.
Ѕвездата на филмот „Барби“, Маргот Роби, како што и се очекуваше, носеше креација од „Шанел“. Таа се одлучи за тесен, проѕирен фустан со тенки прерамки, целосно во бела боја.
Фустанот се одликуваше со спој на различни текстури: материјал сличен на газа, комбиниран со горниот дел изработен од сатенски ленти. Цветен детаљ го красеше делот кај градите, додека долниот, целосно проѕирен дел од фустанот овозможуваше јасно да се види нејзината долна облека.
Триесет и шестгодишната актерка ја носеше својата руса коса во фризура тип „боб“ со краеви извиени нанадвор, а преку рамото носеше метална чанта од „Шанел“.
Што се однесува до шминката, ѕвездата од филмот „Оркански височини“ се одлучи за нијанси во боја на праска и розов кармин, а изгледот го заокружи со црни сатенски чевли со високи потпетици.

