(Фото/Видео) Крунисана за кралица на вечерта: и во бикини, и со модна маска – вистинска икона на стилот

Ева Лонгорија уште еднаш покажа како гордо да се слави сопственото потекло; нејзиниот тематски моден избор сигурно ќе влезе во историјата како едно од највпечатливите изданија некогаш видени на овој настан.
Познатата актерка Ева Лонгорија беше во центарот на вниманието на престижната гала-вечер „Día de Muertos“, одржана во комплексот на „NBCUniversal“ во Јуниверсал Сити, Калифорнија – настан што собра бројни холивудски личности од различни сфери.
Атрактивната 51-годишна ѕвезда од серијата „Очајни домаќинки“ уште еднаш докажа зошто важи за модна икона. Таа зачекори на црвениот тепих во спектакуларна комбинација која буквално ги остави сите присутни без здив.
Ева носеше фасцинантен тематски украс за глава, инспириран од традиционалниот мексикански празник – Денот на мртвите. Во комбинација со нејзиниот елегантен фустан, овој детаљ изгледаше како вистинска круна, со што актерката ја доби неофицијалната титула „кралица“ на оваа гламурозна вечер.
Гала-настанот беше организиран во чест на една од најубавите мексикански традиции – прослава посветена на сеќавањето на починатите – и го собра самиот крем на холивудската елита. Покрај блескавата Ева, на црвениот тепих се појавија и многу други познати личности, кои или имаат латиноамериканско потекло или пак длабоко ја почитуваат и сакаат латиноамериканската култура.
Со оваа прекрасна почит кон сопственото наследство, Ева ги постави стандардите за гламур на ваквите настани, обезбедувајќи си место меѓу најдобро облечените ѕвезди во историјата на оваа прослава.


