(Фото/Видео) Не можеше да дише од болка, но покажа неверојатна фигура: сите гледаат во нејзините стомачни мускули

Само неколку часа пред полуфиналето на емисијата Dancing with the Stars, Маура Хигинс се врати по болна повреда, позирајќи во ново, спортско издание.
Поранешната учесничка во реалното шоу „Love Island“, Маура Хигинс (35), ги покажа своите затегнати стомачни мускули во црвено боди и тесна спортска облека, за време на фотосесија инспирирана од 1980-тите години.
Маура позираше за кампања на брендот за енергетски пијалаци „Celsius“, облечена во црно-бел краток топ и хеланки во ист стил. Таа успеа да стигне до полуфиналето на „Танц со ѕвездите“, иако трпеше силни болки поради повреда на реброто, здобиена за време на изведбата на аргентинско танго.
Како што пренесува „Дејли мејл“, таа неодамна откри дека поминала низ „трауматична недела“, откако отокот од повредата на реброто станал толку интензивен што едвај можела да дише.
„Нема да ве лажам, неделата беше навистина трауматична. Изгубивме многу време за проби. Завршив во болница. Не можев правилно да дишам – отокот беше навистина сериозен. Но, не сакав да се откажам. Буквално си реков себеси дека морам да издржам“, сподели таа.
Судејќи според овие најнови фотографии, Маура успеала да ја надмине повредата – и изгледа подобро од кога било. Набрзо почнаа да пристигнуваат коментари, полни со пофалби за британската ѕвезда, која многумина ја нарекуваат најпривлечна учесничка.
„Ти си совршенство“, „Најзгодна си“, „Какви стомачни“, „Воодушевена сум од тебе“, „Британска секс-бомба“ – беа само дел од коментарите.


