(Фото/Видео) Пенелопе Круз е синоним за вистинска елеганција

Пенелопе Круз беше една од најдобро облечените ѕвезди на еден настан во Лос Анџелес, појавувајќи се во фустан што зрачеше со класична елеганција.
Во Лос Анџелес се одржа 17-тото доделување на наградите „Гувернерс“, каде што многу познати убавици се претставија во гламурозни и впечатливи изданија. Сепак, кога станува збор за класична елеганција, само една можеше да ја понесе титулата за најдобро облечена.
Тоа е актерката Пенелопе Круз, која за оваа пригода избра креација од модната куќа „Шанел“. Таа се одлучи за тесен фустан со прав крој, кој ја следи линијата на телото и ја истакнува нејзината витка фигура, додека деталите од пердуви на горниот дел додаваат нота на сексапил на целокупниот изглед.
Фустанот го искомбинира со дискретен накит – ѓердан со дијамантски привезок, обетки и прстен – а изгледот го заокружи со црвен кармин и впечатлива шминка во темни тонови.


