Среда, 21 октомври 2026МаркетингКонтакт
Пребарај

(Фото/Видео) Принцезата Кејт избра капут со посебна симболика за средбата со султанот

21.10.2026, 09:30

Кралицата Камила и принцезата од Велс беа домаќини на султанот Хаитам бин Тарик од Оман на ручек во „Кларенс хаус“ во Лондон.

Facebook · кликнете за да се вчита објавата

Средбата се одржа во рамките на напорите за дополнително зајакнување на односите меѓу Обединетото Кралство и Оман, а за таа пригода, принцезата Кејт избра комбинација со која му оддаде почит на гостинот, пренесува „Дејли мејл“.

Зелен капут и брош стар повеќе од 150 години
Принцезата Кејт се појави во зелен капут од модната куќа „Александар Мекквин“ – парче облека што таа го носела и во неколку претходни наврати.

Бидејќи зелената е една од боите на знамето на Оман, нејзиниот моден избор се толкува како гест на почит кон гостинот. Таа го заокружи својот изглед со брошот „Prince of Wales Feathers“, кој е стар повеќе од 150 години.

YouTube · кликнете за да се вчита видеото

Станува збор за дијамантски брош со смарагден привезок, изработен во 1863 година како свадбен подарок за принцезата Александра од Данска, која се омажила за идниот крал Едвард VII. Низ годините, овој брош го носеле различни сопруги на принцовите од Велс, а особено ѝ бил омилен на принцезата Дијана. Кејт првпат го носеше во 2022 година.

Поврзани вести