„Не дозволуваме културата да биде обезвреднета, а работничките права избришани!“: Протестен собир на СКРМ пред Уставниот суд

Синдикат на културата на Република Македонија известува дека утре, во 10 часот ќе одржи протестен собир пред Уставниот суд.
„Повод за протестниот собир е постапувањето на Уставниот суд во врска со уставноста и законитоста на Колективниот договор за култура, од чиешто опстојување зависат стекнатите работнички права на илјадници вработени во културата.
Ова е борба за правна и социјална сигурност, борба за достоинство, еднаквост и почитување на трудот на сите културни работници. Не дозволуваме културата да биде обезвреднета, а работничките права избришани!
Нашето присуство е порака дека зад овие права стојат луѓе, професионалци и институции кои нема да молчат кога се доведува во прашање нивната иднина! Се гледаме пред Уставен суд“, велат од Синдикатот на културата на Република Македонија.



