Четврток, 26 ноември 2026МаркетингКонтакт
Пребарај

(Фото/Видео) Холивудски актер ја покажа својата ќерка: убавицата стана главна тема

Џон Траволта и неговата ќерка, Ела Блу, се појавија во усогласени модни комбинации додека позираа заедно на црвениот тепих во Италија.

Познатиот актер Џон Траволта (72) беше фотографиран со својата 26-годишна ќерка, Ела, на отворањето на 44-тиот Филмски фестивал во Торино.

Facebook · кликнете за да се вчита објавата

Траволта се одлучи за црн костум во комбинација со црна кошула со карнери, а изгледот го надополни со брош од пердуви, црни ракавици и очила со тркалезни рамки. Неговата ќерка, Ела, носеше црн фустан со долги ракави, украсен со цветни детали низ целиот дизајн.

Со својата покојна сопруга, Кели Престон, актерот има син, Бен (16), и ќерка, Ела (26). Тие имаа и син, Џет, кој почина во 2009 година на 16-годишна возраст.

Неодамна, Траволта сподели емотивна фотографија на Инстаграм за да му го честита 16-тиот роденден на својот син, Бен. На оваа емотивна фотографија, актерот го прегрнува својот син, а двајцата се насмеани пред камерата.

„Бен! Ти си сончевиот зрак во мојот живот! Среќен роденден, сине мој! Те сакам“, напиша Траволта покрај фотографијата.

Претходно овој месец, ќерката на актерот ја имаше посебната чест да му врачи награда како признание за неговата повеќедецениска кариера во Холивуд.

„Веќе 26 години имам привилегија од првиот ред да набљудувам човек кој никогаш не ја изгубил љубовта кон животот. Човек кој никогаш не престанува да учи и поседува огромна жед за знаење. Некој што дава, а никогаш не очекува ништо за возврат. Некој со добро срце“, рече Ела за време на својот говор.

Поврзани вести