Сестрата на Метју Пери откри зошто почнала да се смее на неговиот погреб

Миа Пери Боувик, помладата сестра на актерот Метју Пери, откри емотивни детали од неговиот погреб и објасни зошто во еден момент не можела да престане да се смее, пренесува „LADbible“.
Актерот, најпознат по улогата на Чендлер Бинг во серијата „Пријатели“, почина во октомври 2023 година, на 54-годишна возраст, од акутните ефекти на кетамин.
Миа раскажа дека за време на погребот почувствувала како нејзиниот брат да е покрај неа и си замислила како би ја коментирал ситуацијата.
„Како да се појави зад моето десно рамо и рече: ‘Колку е ова за никаде?’ Почнав толку многу да се смеам. Помислив: ‘О, Боже, еве го!’ Ме насмеа во најлошиот можен момент, кога беше сосема несоодветно да се смеам. Но, едноставно не можев да престанам“, раскажа таа.
Таа се присети и на трогателната сцена кога неговите колеги од „Пријатели“ се простувале од актерот.
„Џенифер Анистон прва ми пријде и силно ме прегрна. Но, сите го направија тоа“, рече Миа, додавајќи дека Анистон, Кортни Кокс, Лиса Кудроу, Мет Лебланк и Дејвид Швимер заедно пристапиле до ковчегот, држејќи се за раце и плачејќи.
„Метју имаше прекрасно срце и беше великодушен. Дури и во најмрачните моменти знаеше да ве насмее и да направи да се чувствувате сакано“, изјави неговата сестра.
Нејзините сведоштва се дел од триделната документарна серија „The One About Matthew Perry“, која треба да пристигне на Нетфликс на 27 октомври.
