Сестрите од реално шоу „ги вжештија социјалните мрежи“ со секси фотографии во бикини

Сестрите Џенер предизвикаа вистинска бура на социјалните мрежи со една впечатлива фотографија. Кендал и Кајли гордо позираа во речиси идентични црни бикини – глетка што воодушеви многумина.
Кајли Џенер и Кендал Џенер се миленички на социјалните мрежи. Тие често споделуваат моменти од својот приватен и професионален живот, а истовремено го привлекуваат вниманието на јавноста со своите атрактивни модни избори.
Кајли неодамна сподели фотографија со својата сестра, која за кратко време собра огромен број „лајкови“ и реакции од целиот свет. Тие позираат во речиси идентични црни бикини, но искомбинирани со различни модни додатоци.
Преку бикините, Кајли носеше црн плетен фустан, надополнет со дискретен златен накит. Косата ја собра во лежерна пунџа, а изгледот го заокружи со многу благ, едвај забележлив шминка-стил.
Што се однесува до Кендал, таа црните бикини ги искомбинира со светложолто парео, косата ја собра во лежерна пунџа и се одлучи за шминка во земјени тонови, која е речиси незабележлива.
Објавата набрзо предизвика лавина коментари од нивните верни обожаватели.
„Моето омилено дуо“, „Вистински убавици, ве обожаваме“ и „Сè уште изгледате како тинејџерки – прекрасни сте!“ – беа само дел од коментарите на воодушевените фанови.
