Сопругата на фудбалер на Рома: „Ме изневеруваше и со проститутки, сè видов со свои очи“

Аманда Мартинс, сопругата на бразилскиот фудбалер Весли, кој настапува за Рома, на социјалните мрежи изнесе сериозни обвинувања против својот сопруг. Таа тврди дека повеќепати ја изневерувал за време на бракот, вклучително и со проститутки, како и дека ја напуштил додека била бремена, пишува италијанскиот весник „Ла газета дело спорт“.
Двојката има ќерка, а веќе извесно време не живее заедно.
„Никогаш не мислев дека на Инстаграм ќе зборувам за толку важен дел од мојот живот. Секогаш бев повлечена кога станува збор за бракот, но поради сè што читам на социјалните мрежи решив да објаснам што се случило“, напиша Аманда.
Таа тврди дека нејзиниот сопруг не ја изневерил само еднаш, туку многупати.
„Денес повеќе не сме заедно и тој може да прави што сака. Но, не ме почитуваше ниту додека бевме заедно. Не ме изневери еднаш, двапати или трипати, туку многупати. И не станува збор за една, две или три девојки, туку за повеќе, вклучително и проститутки“, изјави таа.
Според нејзините зборови, доказите за наводните неверства ги пронашла во мобилниот телефон на Весли.
„Сè видов со свои очи. Имав пристап до неговиот телефон. За време на тие средби фотографирал и снимал, а јас сè префрлив на мојот телефон. Дури и тогаш го носел венчалниот прстен“, раскажа Аманда.
Таа додава дека Весли ги негирал нејзините сомневања, дури и кога се заколнувал во Бог и во нивната ќерка дека не направил ништо.
Аманда тврди дека неверствата продолжиле и додека била бремена.
„Ме изневеруваше и ме напушти за време на бременоста. Сепак, молчев, простував и искрено се обидував да создадам семејство и стабилен брак. Но, не успеа“, изјави таа.
Мартинс раскажа и дека сопругот, според нејзините тврдења, барал телефонски броеви од други жени дури и во нејзино присуство, вклучително и од келнерки во ресторани.
Поради таквото однесување, како што вели, почнала да доживува напади на анксиозност и во еден момент самата се обвинувала за проблемите во бракот.
„Мислев дека треба повеќе да се грижам за себе за тој да нема потреба да гледа други жени. Но, кога мажот не е добар, ништо од тоа не е важно“, заклучи таа.
„Ла газета дело спорт“ наведува дека Весли деновиве привлече внимание и со објава на Инстаграм на која покажал поголема количина готовина и луксузен рачен часовник.

