Понеделник, 26 октомври 2026МаркетингКонтакт
Пребарај

Утре без вода Батинци и повеќе улици во Чаир

Поради планирани работни активности на водоводната мрежа, утре (27 октомври) без вода ќе останат корисници во Батинци и на повеќе улици во скопската општина Чаир, информира Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) – Скопје, повикувајќи се на известување од ЈП „Водовод и канализација“.

Поради чистење на резервоарот во Батинци, водоснабдувањето во ова населено место во општина Студеничани ќе биде прекинато од 9 часот до завршување на работните активности.

Во општина Чаир, поради исклучување на стара водоводна мрежа на улицата „Чаирска“ бб, без вода ќе останат корисниците од улиците „Чаирска“, „Отокар Кершовани“, „Васил Аџиларски“, „397“, „Мимар Синан“, „Албански националдемократи“ и „Петар Георгиев“.

Прекинот и на овие улици ќе започне во 9 часот и ќе трае до завршување на работните активности.

Поврзани вести