Четврток, 29 октомври 2026МаркетингКонтакт
Пребарај

(Видео) Саутпарк ја промовираа новата песна „Невидлива“

Денес, 29 октомври, во 12 часот на пладне, бендот Саутпарк направи онлајн промоција на новите песна и видео запис.

Лани Саутпарк ја објавија „Можеби“, подарувајќи ѝ на македонската музичка сцена нумера со совршен баланс помеѓу меланхолија и енергичност, модерен призвук и носталгија.

Аудио микс и мастеринг на песната направи Дамир Пух од ГринРум саунд студио (GreenRoom Sound Studio). Видеото го изработија во целост Дарја Николовска и Никола Спасеноски.

Песната со видео е достапна на YouTube, а наскоро ќе може да се чуе и на сите стриминг платформи.

YouTube · кликнете за да се вчита видеото

„Секогаш е возбудливо да се следи процесот на тоа како една идеја прераснува во песна. ‘Невидлива’ е одраз на нашиот бендски призвук и среќни сме што доби форма, звук и слика. Се надеваме дека секој ќе ја доживее на свој начин.“

Саутпарк ги познаваме и од скопскиот ноќен живот, а свират од 2004 година. Членови на бендот се Светлана Јовановска со својот моќен и препознатлив вокал, Виктор Николовски на бас гитара, Христијан Ристески на гитара и Благојче Пенов на тапани. Зад себе бројат илјадници настапи и бројни студиски изданија како индивидуални музичари.

YouTube · кликнете за да се вчита видеото

Поврзани вести