Четврток, 29 октомври 2026МаркетингКонтакт
Пребарај

Нови животни во Зоолошката градина во Скопје по повод 100-годишниот јубилеј

Зоолошката градина во Скопје доби нови жители по повод одбележувањето на 100 години од своето постоење. Во градината пристигнаа патагониски мари, нанду птици, кокошести гуски, бели пауни и лебеди, соопштија од Скопје ЗОО.

Новите животни моментално се наоѓаат во задолжителен карантин, каде што добиваат соодветна грижа и ветеринарен надзор за безбедно да се приспособат на новата средина.

Од Зоолошката градина најавуваат дека посетителите наскоро ќе имаат можност да ги видат новите жители.

„Продолжуваме да го збогатуваме животинскиот свет во нашата и ваша Скопје ЗОО, со многу љубов и посветеност кон животните“, порачаа од градината.

Оваа година Зоолошката градина во Скопје одбележува еден век од своето постоење.

Facebook · кликнете за да се вчита објавата

Поврзани вести