Понеделник, 9 ноември 2026МаркетингКонтакт
Пребарај

Денеска реализирани 750 исплати во „АЛТА банка“ АД Битола во Битола, Струмица и Тетово – овозможени и уплати за комуналии и отплата на кредити

Денеска продолжи исплатата на средствата на клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола кои имаат платежни сметки во Банката, а не располагаат со платежни картички. Исплатата се врши на шалтерите во Битола, а од денеска и во Тетово и во Струмица, каде што граѓаните можат да подигнат до 20.000 денари, соопшти Народната банка.

„Во текот на денешниот ден, во трите града се реализирани вкупно 750 исплати. Исплатата се одвива непречено, со добра организација и согласно утврдената динамика. Од денеска, клиентите на Банката на шалтерите во Битола, Струмица и Тетово можат да вршат и уплати за комунални услуги, како и да ги намируваат обврските за отплата на кредитите. Со ова се овозможува полесно извршување на дел од нивните тековни финансиски обврски“, велат од банката.

Народната банка потсетува дека од оваа недела е зголемен и неделниот лимит за подигање готовина и плаќања на продажните места со платежните картички на Банката, од 10.000 на 15.000 денари.

Од Народната банка велат дека континуирано ја следат состојбата и преземаат активности за постепено олеснување на условите за располагање со средствата на клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола.

„Приоритет останува обезбедувањето пристап до нивните средства и непречено извршување на платежните услуги за клиентите на Банката“, велат од таму.

Поврзани вести