Вторник, 20 октомври 2026МаркетингКонтакт
Пребарај

Сунес: Сака е фолирант, не сакам воопшто да зборувам за него

20.10.2026, 10:32

Легендата на Ливерпул, Греам Сунес, верува дека Арсенал користи стратегија за групен притисок врз судиите. Целта, според него, е да ги убеди дека е направен прекршок врз Букаја Сака, при што напаѓачот гласно реагира на секој контакт. Обвинувања за симулирање редовно го следат 25-годишниот англиски репрезентативец, кој е меѓу начесто фаулираните играчи во Премиер лигата секоја сезона.

„Тој постојано паѓа. Воопшто не сакам да зборувам за него. Штом почувствува дека ќе ја изгуби топката, тој е на теренот. Тој лажира прекршок. За мене, секој што го прави тоа е измамник. Тој паѓа во ситуации каде што треба да остане на нозе. Не е единствениот таков, но Сака вреска додека паѓа штом некој го допре“, рече Сунес.

Тој исто така опиша како играчите на Арсенал влијаат врз судиите: „На почетокот, судијата мисли дека нема прекршок, но потоа гледа дека играчот останува да лежи. Уште полошо, сите играчи на Арсенал во близина веднаш ги креваат рацете и бараат прекршок.

Потоа судијата паничи и досудува прекршок иако немаше. Неговото прво чувство беше точно. Тој сè уште досудува прекршок затоа што си мисли: „Чекај малку, можеби нешто пропуштив“.

„Симулирањето е форма на измама. За жал, тоа стана дел од фудбалот денес. Ако прашате сто луѓе што најмногу ги мачи во денешната игра, половина од нив би рекле симулирање, а другата половина би рекле ВАР“, заклучи тој.

Сунес беше капитен на една од најуспешните генерации во историјата на Ливерпул од 80-тите години на минатиот век. Три пати беше шампион на Европа и пет пати шампион на Англија, а играше на позицијата централен играч за врска.

Foto/ Depositphotos

Поврзани вести